Финалето на „Х-фактор“ ќе биде на 23. март, Жељко нема да присуства
Откако во минатата емисија испаднаа двајца финалисти, Александра и Алекса, најавена беше уште само една елиминациона емисија пред големото финале.
Вчера беше откриен датумот дека на 23. март во „Комбанк“ арената во Белград ќе се случува големото финале на првото регионално музичко шоу „Х-фактор Адриа“, a влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 5. март.
Но веројатно, за тоа одлучила самата продукција без да ги извести членовите на жирито, па дошло до недоразбирање.
Еден од нив, менторот на Даниел и Маид, Жељко Јоксимовиќ, тоа го дознал преку српскиот портал „Телеграф“. Веројатно навреден и налутен, на својот Твитер профил напишал:
„Преку Телеграф дознав дека финалето на Х-фактор ќе биде на 23. март во Арена. Тоа ќе биде супер! Уште поубаво би било да сум тогаш во Белград!“
Дали навистина ќе ги остави своите кандидати без неговата поддршка или ова е само моментална избрзана реакција, останува да видиме на 23. март, кога ќе се случува финалето.
Претходно, на 4. март ќе се случува осмото Live Show, кога треба да испадне уште еден од натпреварувачите, меѓу Даниел, Маид, Илма, Тамара, Лукијан и „Доктори“ и во финалето да останат само петте најдобри.
Неизвесноста е сè поголема, натпреварувачите се многу повозбудени. Иако конкуренцијата не е драстично изразена меѓу нив, секој посакува да биде првиот победник.
Она што ни останува е да гласаме за Даниел да успее, како и до сега, да биде оној кој има најмногу гласови и кој го очекува светска кариера.