X-фактор: Алекса Перовиќ напишал песна за Даниел Кајмакоски

Познато е дека Алекса е еден од најшармантните талентирани финалисти во шоуто кој ги освои женските срца со изведбата на шпански, како вистински латино љубовник. Но, досега никој не знаеше дека тој може и да пишува текстови за песни.

x-faktor-aleksa-perovik-napisal-pesna-za-daniel-kajmakoski-01

Тоа е веројатно една од оние мали тајни кои ги чува како џокер за себе или за вистинските пријатели. Со оглед на тоа што овие неколку месеци нема подобри пријатели од останатите финалисти во шоуто. Меѓу нив најмногу се дружи со Лукијан, Илма и Даниел со кого планира и професионална соработка кога ќе заврши шоуто.

„Даниел сака да сними песна на српски, ми даде матрица и јас пред некоја вечер го напишав скоро целиот текст. Му кажав дека имам песна и веќе со нетрпение ја очекува, ама ќе го држам уште малку во неизвесност, додека ја завршам“ – открива Алекса.

„Супер е што се дружиме и што знам дека и Лукијан и Даниел и Илма можам да ги побарам во секое време за совет или помош. Сите натпреварувачи ги сметам за пријатели, нема потреба од конкуренција, бидејќи ова шоу трае уште само еден месец, а после тоа ќе треба со заеднички сили да се бориме за своите кариери. Исто така, уште сега имаме заеднички навивачи и поддршка која на сите многу ни значи и ни помага да истраеме и да ја работиме работата што ја сакаме“ – додаде Алекса.

Веројатно по завршувањето на шоуто Даниел за брзо време ќе има албум, со оглед на тоа што и Кики Лесендриќ на прес-конференцијата во Скопје спомна дека и тој и Жељко веќе подготвуваат песни за Даниел.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg