Х-фактор: Александра Секулиќ по вторпат го напушти шоуто (видео)
После четвртото Live Show, порадинајмал број гласови во дуел останаа Александра Секулиќ и Александра Брковиќ од групата на Кики Лесендриќ.
Прва настапуваше Александра Брковиќ со песната Turning tables од Адел, но со тотално своја и оригинална изведба, поради што доби позитивни гласови од тројца членови на жирито.
Александра Секулиќ настапи втора, но со многу поедноставна изведба која не успеа да го воодушеви жирито.
Токму затоа, нејзиниот ментор Кики, Емина и Кристина гласаа таа да го напушти шоуто. Жељко Јоксимовиќ исто така сметаше дека Александра Брковиќ е подобар вокал, но ѝ даде позитивен глас на Секулиќ само за мотивација и за да не се откаже од музичката кариера.
Александра, како ретко кој од кандидатите е многу свесна и самокритична, па дури и самата на сцената призна дека и таа смета дека Александра Брковиќ е подобра од неа. Верува во себе, но свесна е за своите слабости и за квалитетните вокали на останатите.
Уште од првата емисија ја следат коментарите дека подобро изгледа и танцува отколку што пее. Токму поради тоа секогаш била на граница. Затоа при одлуката во куќата на судиите беше првпат отфрлена, во бараж гласањето публиката успеа да ја врати во шоуто, но после 3 настапи испадна по вторпат.
Таа е среќна што имаше шанса да биде дел од едно вакво шоу и што публиката сакаше да ја врати на сцената. Нејзина следна желба е актерска кариера во српскиот театар, каде веројатно ќе може да ги комбинира своите таленти за сценски настап и доволно музички способности.
Погледнете го нејзиниот последен настап