Х-фактор: Даниел Кајмакоски вечерва прв ќе ја пее омилената песна на публиката
Даниел, кој важи за еден од главните фаворити во ова шоу, после три успешно поминати настапи во живо, се подготвува за четвртиот кој се надева да биде најдобар.
Досега имаше можност да ги отпее: „One Love“од U2, „Чија си“ од Тоше и „Сонце не ме грее“ од Влатко Лозановски.
Овојпат, за четвртото Live Show тој реши да ги задоволи своите фанови и сите кои го поддржуваат за да покаже дека навистина ги слуша нивните предлози.
На неговата Фејсбук фан страница најави дека оваа вечер ќе ја пее песната која најчесто му ја предложувале, меѓудругото и од неговиот омилен бенд, One Republic -„Counting stars“.
Со оглед на тоа што сите песни што ги има испеано звучат фантастично, не се сомневаме дека и оваа ќе биде подеднакво добра, а можеби и најдобра негова изведба.
Со ова Даниел покажува дека навистина ја заслужува и оправдува поддршката која му ја даваат фановите и дека ѝ верува на публиката.
Тој прв ќе ја отвори вечерта, затоа не го пропуштајте точно во 21:00 часот на Сител телевизија, да го поддржите и да гласате за него со испраќање на редниот број како порака, максимум 30 пати.
Ова е песната за која имаше најмногу коментари како предлог за Даниел: