Х-фактор: Јелена Розга е новата специјална гостинка
Подготовките за четвртото Live Show на „Х-фактор“ се веќе во тек, а во оваа емисија во ревијалниот дел ќе настапат дури две регионални музички ѕвезди!
Продукцијата открива дека една од нив е хрватската пејачка Јелена Розга, која веднаш ја прифатила поканата за да настапи и да го поддржи ова шоу.
Натпреварувачите се задоволни од тоа како се одвиваат подготовките и сè повеќе се сигурни во себе и во своите настапи. Една од девојките во женскиот бенд „4U“, Теодора Спаравало, изјавува дека овојпат сите четири се среќни и задоволни со изборот на песната.
Исто така, за нивната менторка Кристина Ковач кажуваат дека е строга кога треба, а добра и смирена кога ќе заслужат.
Сметаат дека е најпосветена од сите ментори бидејќи им го посветува целото внимание и се труди околу двата бенда.
Не само околу музиката и настапите, туку со нив разговара и за животот, ставовите, луѓето, шоу бизнисот. Ментор во вистинска смисла на зборот.
Не откриваат што ќе пеат, но најавуваат дека ќе биде многу емотивно и дека ќе се покажат во најдобро светло досега.
Останува да почекаме до утре во 21:00 часот кога ќе го видиме четвртото Live Show на Сител телевизија.
Не заборавајте да гласате за единствениот македонски претставник кој остана во шоуто и да го поддржите Даниел Кајмакоски.