Х-фактор: Погледнете како Харис, Лукијан и Алекса пеат во дует со Емина
По стапките на својот колега Жељко Јоксимовиќ, кој на својата концертна турнеја ги носи и неговите кандидати, и Емина почна да ги носи своите миленици во емисиите каде што гостува.
Таа ги поканила Лукијан, Харис и Алекса да ѝ се придружат при гостувањето во емисијата
„Амиџи Шоу“ на Пинк телевизија, каде заедно со нив ги отпеа своите најпознати дуети „Med“, „Još ti se nadam“ и „Beograd priča“.
Песната „Med“, која оригинално ја пее со Дино Мерлин, овој пат ја отпеа со Харис Ќато.
Во песната „Beograd priča“, наместо Џенан Лончаревиќ ѝ се придружи Алекса Перовиќ.
Хитот кој оригинално го изведува со Саша Ковачевиќ, овој пат го отпеа во дует со Лукијан Ивановиќ
Покрај овие заеднички настапи, Емина ги вклучи своите миленици и во нејзиниот најнов спот