Џоле Џогани лут на жирито во „Х-фактор“: Не е фер да се фаворизира само Даниел, јас ќе направам ѕвезда од Маринела

По исфрлањето на дуото „H2O“ од третото Live Show, своето разочарување го искажа и српскиот пејач, Џоле Џогани, таткото на Маринела.

dzole-dzogani-lut-na-zirito-vo-x-faktor-ne-e-fer-da-se-favorizira-samo-daniel-jas-ke-napravam-zvezda-od-marinela-01

Тој жали што неговата ќерка Маринела го напушти музичкото шоу и го обвинува жирито кое го фаворизира само Даниел Кајмакоски. Смета дека се престроги во однос на коментарите, па дури и навредливи кон некои.

Прогласувањето на Даниел за победник во неколку наврати, смета дека психолошки негативно се одразува на останатите натпреварувачи.

Исто така, разочаран е од функционирањето на жирито кое постојано е контрадикторно со коментарите и не знаат да се решат што оценуваат.

Дали бараат најдобар пејач според вокалот или барат целосен пакет со нешто посебно и специфично, она што е всушност Х-фактор?

Според Џоле Џогани, некои од членовите на жирито не се достојни за позицијата со оглед на нивните кариери во кои не успеале да направат ниту концерт, ниту светска слава, а дозволено е да им избираат песни на натпреварувачите во кои можеби тие не се пронаоѓаат.

Дел од вината за испаѓањето на неговата ќерка, на некој начин, ја префрла и на Фифи со тоа што од почетокот се знаеше ставот на Жељко кон него и штом дојде ред тој да одлучува, јасно е дека ќе гласа негативно, а покрај Фифи настрада и неговата ќерка.

Не го оправдува Жељко, бидејќи смета дека не треба тој да му суди на Фифи дали ќе биде маж или жена.

Пофални зборови има за Маринела која ја прифатила Фифи кога сите ја отфрлале и нашла заеднички јазик со неа.

Сепак, според неговите изјави за понатамошната кариера на Маринела, никаде не ги спомнува како дуо „H2O“, заедно со Фифи, туку веќе со сигурност тврди дека ќе ѝ помогне ма Маринела да изгради музичка кариера и ќе ја направи ѕвезда.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg