Х-фактор: Жељко Јоксимовиќ се плаши од Илма Карахмет

На синоќешното Live Show, малечката Илма Карахмет од групата на Кики Лесендриќ настапуваше прва и буквално сите ги воодушеви по којзнае кој пат.

zeljko-joksimovik-se-plasi-od-ilma-karahmet-01

Иако толку мала, пее многу сериозни и тешки песни, полни со емоции како што ретко кој повозрасен знае да ги долови.

Вчера ја пееше емотивната балада „Не дам на тебе“ од Јелена Томашевиќ, која иако по мислење на жирито не е вистински избор за неа, таа успеа да ги воодушеви сите.

Бојата на нејзиниот глас, моќта и емоцијата која ја внесува во песните, без разлика што пее, прави вистинска магија.

Кристина дури во својот коментар ѝ призна дека се трудела да ѝ најде маана, но не успеала.

Жељко, пак, искрено ѝ призна дека кога ќе ја слушне како пее, буквално се плаши и стравува за своите кандидати Даниел и Маид, иако важат за главни фаворити.

Толку мала, а толку моќна, погледнете го настапот на Илма Карахмет:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg