Даниел повторно воодушеви, и Фифи оди понатаму

Публиката одлучи дека сака и понатаму да ги гледа едни од најдобрите натпреварувачи на „Х- фактор Адриа“.

daniel-povtorno-voodusevi-i-fifi-odi-ponatamu-02

Даниел Кајмакоски од групата на Жељко Јоксимовиќ и Фифи како дел од дуото „H2O“ од групата на Кристина Ковач, уште еднаш покажаа зошто се меѓу најдобрите.

Даниел ја отпеа „Чија си“ од нашата музичка легенда, Тоше Проески на сопствен и сосем различен начин од оној на Тоше.

И покрај стравувањето на Кристина дека никој не може да ги пее неговите песни подобро од него, Даниел покажа дека ако не може подбро, тогаш може различно.

daniel-i-fifi-ke-gi-gledame-i-na-slednoto-live-show-na-x-faktor-2

Тој ја изрази и својата голема љубов и почит кон Тоше, со надеж дека нема да наиде на осудувања и забрани за да пее негови песни.

Даниел, исто така, смета дека никој не може да го замени Тоше, но дека неговите песни треба да се пеат.

Она што покрај пеењето го одбележа неговиот настап и за кое сите зборуваа на социјалните мрежи е тоа што неговиот ментор, Жељко Јоксимовиќ, неколку пати повтори дека му дал шанса да пее на мајчин јазик, што беше збунувачки со оглед на тоа што „Чија си“ е на српски јазик.

По бурните реакции, Жељко одлучи да се извини и да се коригира, напоменувајќи дека сега пеел на српски, а наскоро ќе пее на неговиот мајчин јазик, македонскиот.

Даниел се извини што поради неговата настинка и подготовките за синоќешниот настап не се појавил на концертот во Нови Сад, но ќе се поправи на концертот во Охрид, овој петок.

Фифи, пак, заедно со Маринела Џогани ја раздвижија сцената, публиката и жирито. Оригинални и разиграни, придружени од танчери и визуелни ефекти, одлично ја изведоа „Monday morning“ од Фиона.

daniel-i-fifi-ke-gi-gledame-i-na-slednoto-live-show-na-x-faktor-3

Публиката ја препозна нивната позитивна енергија и гласаше за да ги гледаме и на следните настапи во живо.

Настапот на Даниел


Настапот на Фифи

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg