Х-фактор: Хари Варешановиќ е специјален гостин во второто Live Show
Вечерва на Сител телевизија од 21:00 часот ќе може да ги видиме новите настапи на финалистите кои ќе се потрудат да го обезбедат својот пласман во вториот круг на натпреварувањето.
На ова Live Show зададени им се љубовни песни под симболичен наслов „love and heartbreak“. Се најавува вистинско уживање и уште потешки одлуки за гласање.
Исто така, ќе дознаеме кој кандидат од баражниот круг (Маид, Александра, Милош или Лука и Јана) на гласање ќе им се придружи на финалистите во борбата за победа на првиот регионален „X-фактор“.
Судиите Кики, Жељко, Емина и Кристина вредно работат и подготвуваат бројни изненадувања.
Во оваа возбудлива епизода еден натпреварувач ќе го напушти шоуто, а специјален гостин ќе биде популарниот босански поп пејач, Хари Варешановиќ, фронтмен на групата „Хари Мата Хари“.
Гледајте, навивајте и гласајте за вашите фаворити. Поддржете ги македонските натпреварувачи Даниел и Фифи!