Кој беше најдобар, а кој е првиот отфрлен во „Х-фактор Адриа“?

Првото Live Show на „Х-фактор“ беше отворено со заеднички настап на сите кандидати кои ја испеаја „Za million godina“ од Yu rock misija.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-01

Она што беше најголема тајна и најголемо изненадување изминатите денови, се откри. Новиот водител на шоуто е Славко Калезиќ, кој беше претходно во улога на натпреварувач во групата на Жељко Јоксимовиќ. Откако не помина во следната фаза, а со оглед на неговиот талент и актерската професија, одлично се снајде и во оваа улога.

Прва натпреварувачка која го отвори првото Live Show беше Александра Брковиќ од групата на Кики Лесендриќ. Со изведбата на „You’ve got the love“ од Florence and the Machine, изразувајќи ги сите емоции, во нејзин стил го освои жирито. Тие го препознаа нејзиниот напредок и оригинален печат.

Вториот настап беше на Младен Лукиќ од групата на Жељко Јоксимовиќ. Емотивна и импресивна изведба на тешката балада „Bacila je sve niz reku“ од групата Индекси. Со својата специфична боја на гласот, премногу емоции и авторската преработка, без разлика на тремата, сите беа допрени. Пофални зборови имаше дури и од Кристина за Жељко, како негов ментор кој му помогнал да блесне на сцената.

Женскиот бенд „4U“ под менторство на Кристина Ковач во оригинален стил и одлично согласени ја изведоа „Roar“ од Кети Пери. Слатки, нежни и оригинални, вистинска женска сензација која може да биде балканска атракција. За нив и Жељко упати пофалби кон Кристина и нејзината работа.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-4

Еден од најмладите натпреварувачи Харис Ќато (14) од групата на Емина Јаховиќ настапи четврти со песната „Stay“ од Ријана. Одлична изведба со соодветен зрел глас кои веќе ги има освоено симпатиите на неговите врснички. Талентирано дете кое може уште многу да покаже. Ги заслужи сите пофалби од жирито.

Втората најмлада натпреварувачка која настапи како петта е Илма Карахмет (13) од групата на Кики. Малото девојче со феноменален глас кое прво ги освои симпатиите и ја крена публиката на нозе уште на првата аудиција. Настапи со песната „Sve će to o mila moja“ од Bijelo Dugme, која не ѝ била по желба, бидејќи не можела да се пронајде во текстот. Сепак, како што искоментира и Жељко, дури и текстот да е од мени, таа знае да го отпее на врвно ниво. Не е важно што пее, таа ја внесува сета душа и сиот талент.

Алкса Петровиќ во шпански стил со изведба на „А mi manera“ од Gipsy Kings, пренесе вистински латино емоции. Како еден од најзгодните натпреварувачи со исклучителен глас и настап, знае како да ја освои публиката.

Вистинска женска енергија и емоција покажа седмата натпреварувачка, Маја Новаковиќ од групата на Жељко. Емотивна изведба на песната „Ako je vrijedilo išta“ од Vanne која уште еднаш ја отвори нејзината душа и ги покажа најдлабоките емоции кои таа најдобро знае да ги сподели кога е на сцена. Со специфичната боја на глас и настапот, допира до сите.

Осмиот настап беше на женското најсјајно и најконтраверзно дуо „H2O“ составено од нашата Фифи и Маринела Џогани. Одлично согласени ја изведоа моќната песна на Криситина Агилера „You’re beautiful“. Без посебни забелешки и само со пофалби од сите членови на жирито. Покажаа навистина што знаат и умеат. На сцената делуваа моќно и самоуверено, како веќе докажани ѕвезди.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-3

Машкиот бенд „Доктори“ се вистинска атракција и музичка сензација. Потсетуваат на убавите времиња и популарните „boy бендови“, но се сосем оригинални и свои. Доволно симпатични и слатки и особено многу талентирани за да освојат огромна публика и да доживеат слава за која не сонувале. Песната „Osloni se na mene“ од Оливер Мандиќ ја испеаја навистина „докторски“.

Тамара Милановиќ, која на првата аудиција речиси сите ги расплака, овојпат со широка насмевка и многу самодоверба ја испеа познатата „Dodirni mi koljena“ од група Zana. Жирито само со пофални зборови за нејзиниот настап, сигурноста и преубавиот глас, но со мали забелешки за изборот на песната.

Уште еден натпреварувач од групата на Емина, како единаесетти настапи Лукијан Ивановиќ со преубавата балада на Blue „Sorry seems to be the hardest word“. Талентиран и вреден, после многу промени на песната за овој прв настап во живо, преполн со емоции ја изведе баладата баш како поп ѕвезда. Тој е уште еден од милениците на женската публика.

Последното и веројатно најдоброто за самиот крај беше настапот на нашиот Даниел Кајмакоски. Светска изведба на одличната „One Love“ од U2 . Како вистинска ѕвезда од глава до пети, македонска и балканска гордост, најголемо откритие на ова шоу се дел од коментарите на жирито. Бура од емоции и овации низ публиката, Данил знае на вистински начин да ги освои сите симпатии.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-2

По настапите на сите 12 натпреварувачи започна гласањето со испраќање СМС - пораки со впишување на редниот број на кандидатот. Во меѓувреме, додека сите ги средуваа впечатоците и емоциите во бекстејџот, на сцената свој настап имаше светското дуо „2 Cellos“.

Откако беа познати гласовите се прогласија оние кои поминуваат во следното Live Show: Даниел Кајмакоски, бендот „Доктори“, Лукијан Ивановиќ, Илма Карахмет, Алекса Петровиќ, Тамара Милановиќ, Харис Ќато, женскиот бенд „4U“, Маја Новаковиќ и дуото „H2O“.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-1

Младен Лукиќ и Александра Брковиќ беа натпреварувачите со најмалку гласови кои веднаш беа поставени во следната фаза за елиминација, односно дуел, каде пееја уште по една песна. Двајцата на свој начин, многу емотивно и точно ги испеаја избраните песни.

Александра со „Nobody’s perfect“ и Младен со „Rijeka suza i na njoj lađa“ повторно покажаа дека е тешко да се отфрли кој и да е. Бидејќи и жирито беше со поделени и изедначени гласови, изборот остана на публиката, односно соопштување на оној кој добил најмал број гласови од СМС-пораките.

Според пристигнатите гласови од публиката првиот исфрлен од првото Live Show на „Х-фактор Адриа“ е Младен Лукиќ.

Наскоро веројатно ќе постои нова можност и бараж натпреварување за сите отпаднати, при што ќе може да се вратат некои од натпреварувачите.

Оваа можност засега е отворена само за оние кои излегоа од куќите на судиите: Александра Секулиќ, Маид Хеќимовиќ ,Лука и Јана и Милош Бајат, за кои досега публиката најмногу гласаше за да влезат на настапите во живо.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-5

Следете ги настапите во живо секој вторник, на Сител Телевизија од 21:00 часот и гласајте за нашите натпреварувачи Даниел и Фифи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg