Даниел Кајмакоски ќе настапи на новогодишниот концерт на Жељко Јоксимовиќ

Жељко Јоксимовиќ како специјални гости во новогодишната ноќ ги повикал финалистите од својата група во „Х – фактор“.

daniel-kajmakoski-ke-nastapi-na-novogodisniot-koncert-na-zeljko-joksimovik-01

Финалистите на најголемото натпреварувачко шоу „Х – фактор“ чијшто ментор е Жељко Јоксимовиќ, ќе му бидат гости на вечерашниот дочек на Нова година на плоштадот во Крушевац.

Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ и Даниел Кајмакоски, бројна телевизиска публика имаше прилика да ги запознае изминатите недели за време на емитувањето на „Х-фактор“.

Во најсвечената ноќ во текот на годината, сите посетители на новогодишниот концерт на Жељко ќе имаат прилика во живо да ги слушнат и овие тројца финалисти, кои пеат извонредно, според она што до сега можевме да го слушнеме и видиме од нив.

Нивниот ментор кој е еден од најдобрите пејачи на Балканот, постојано вежба заедно со нив и ги подготвува за овој настап. 

- Новата година овој пат ќе ја дочекам заедно со Жељко Јоксимовиќ во Крушевац на неговиот концерт, каде ќе може да ме слушнете како пеам во живо пред огромна публика од 23.000 луѓе. Им благодарам многу на Minacord продукција и на Жељко...едвај чекам! – изјави Даниел на својот Фејсбук профил.

Според она што се дознава, засега сите одлично функционираат заедно и се очекува да направат незаборавна атмосфера и вистински да ја искористат оваа голема шанса која им се нуди на почетокот од нивната кариера.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg