Четворица Македонци останаа во „Х-Фактор Адриа“

На првите аудиции, дури 133 кандидати добија 3 или 4 „Да“ и дојдоа до фазата на регрутниот камп каде вежбаа и се подготвуваа, а при тоа беа следени од страна на членовите во жирито.

izbrani-se-samo-24-kandidati-za-vo-slednite-fazi-na-x-faktor-adria-01

На синоќешната аудиција судиите мораа да изберат само 24 кандидати кои ќе го продолжат натпреварувањето.

За таа цел уште веднаш селективно беа поделени на 4 групи А, B, C, D од кои две групи веднаш беа немилосрдно отфрлени, а од останатите 2 се групираа 10 помали групи.

Секоја група имаше по една зададена песна која требаше да ја подготват во рок од 24 часа и да настапат сите заедно усогласени и според пеењето и според кореографијата.

Некои се истакнуваа повеќе, некои беа фер и тимски играчи. Имаше и несогласувања и караници, кои стигнаа и до жирито, а можеби и делумно влијаеја на одлуките, но на крајот се избраа најдобрите.

По настапот жирито речиси од ниедна група не беше воодушевено. По второто прегледување на снимките од настапите со тешки одлуки сепак, мораа да одберат само по некој од секоја група.

Македонците кои поминаа во понатамошното натпреварување се Иван и Кико Раденови, Даниел Кајмакоски и Филип Јаневски – Фифи.

izbrani-se-samo-24-kandidati-za-vo-slednite-fazi-na-x-faktor-adria-2

На крајот следуваше прегрупирањето на кандидатите во соодветни групи и изненадувања за секој член од жирито кои не знаеја кој на која група ќе биде ментор.

Првата група се момци до 27 години (Лукијан Ивановиќ, Харис Ќато, Стефан, Коковиќ, Алекса Перовиќ, Милош Бајат и Петар Јојиќ). Нивен ментор е Емина Јаховиќ.

Втората група се девојки до 27 години (Тамара Милановиќ, Александра Брковиќ, Илма Карахмет, Христина Вуковиќ, Александра Секулиќ, Катарина Јовановиќ). Нивен ментор е Кики Лесендриќ.

Третата група се постари од 27 години (Даниел Кајмакоски, Маид Хеќимовиќ, Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ, Бојана Рачиќ, Славко Калезиќ). Нивен ментор е Жељко Јоксимовиќ.

Четвртата група се бендови, од кои некои се веќе постоечки од првите аудиции (Иван и Кико Раденови, Рома Сијам (7 членови), Мouse Miles (2 члена), Јана Вуковиќ и Лука Грумиќ.

Останатите бендови се групираа од оние кандидати кои жирито најпрво ги отфрли, но сепак се предомисли поради нивните први настапи.

Нив им дадоа уште една шанса да се покажат, но не самостојно, туку во бендови.

Машки бенд (Армин Маликиќ, Предраг Антиќ, Марко Балабановиќ, Урош Туркулов, Никола Станојевиќ), женски бенд (Катарина Манојловиќ, Вања Мишиќ, Лана Шојиќ, Теодора Спаравало) и дует ( Филип Јаневски – Фифи и Маринела Џогани). Нивен ментор е Кристина Ковач.

izbrani-se-samo-24-kandidati-za-vo-slednite-fazi-na-x-faktor-adria-1

Сега следат подготовки со зададени песни и под менторство на одредените членови од жирито, каде секој се бори за својот тим.

Прегледајте ги уште еднаш групите во кои настапија нашите Иван, Кико, Фифи и Даниел.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg