Во првата емисија на Х-фактор Адриа, Македонците со четири гласови „ДА“ (видео)

Вчера во 20:45 часот на Сител телевизија, конечно ја видовме првата емисија од долго очекуваното светско реално шоу за таленти, „Х-фактор“, кое за првпат се одржува на овие простори.

vo-prvata-emisija-na-x-faktor-adria-makedoncite-so-cetiri-glasovi-da-01

По сите веќе проверени стандарди, со целосна екипа од околу 200 луѓе кои работат на неговата беспрекорна реализација, четворица познати музичари: Жељко Јоксимовиќ, Кики Лесендриќ, Емина Јахович Сандал и Кристина Ковач во жирито, кои одлучуваат кој од кандидатите ќе помине во следниот круг.

Правилата се познати и идентични со оние во Америка и Британија. Секој кандидат мора да добие 3 или 4 гласови „Да“ за да може да помине во следниот круг каде се класифицираат 4 групи: Девојки до 27 години, момчиња до 27 години, кандидати над 27 години и групи.

vo-prvata-emisija-na-x-faktor-adria-makedoncite-so-cetiri-glasovi-da-2

Сите тие добиваат по еден член од жирито како нивни ментор кој ги подготвува за понатамошните процеси, кога жирито престанува да биде во улога на судија, туку тоа ѝ припаѓа само на публиката, која со гласање одлучува кој ќе продолжи понатаму.

Во првата емисија видовме одлични кандидати, кои покажаа добри гласовни можности и изведби. Некои од нив со преголеми очекувања, некои повеќе, некои помалку сигурни во себе, а некои и малку разочарани.

Сепак, она што е важно е тоа што нашите тројца кандидати освоија сите по 4 гласови „Да“, со што без двоумење се пласираа во следниот круг.

vo-prvata-emisija-na-x-faktor-adria-makedoncite-so-cetiri-glasovi-da-1

Некои од нив ни се веќе познати, како Мартинијан Кириловски од Куманово кој годинава го освои третото место на фестивалот „Макфест“ и Мања Софрониевска од Скопје, која се натпреваруваше во последното издание на М2 „Потрагата по ѕвезди“, каде не победи, но доби шанса како пратечки вокал на некои концерти на Елена Ристеска. Третата претставничка е Ангела Митева од Скопје, која не ни е многу позната досега, но веројатно славата штотуку и почнува. За сите нив имаше одлични коментари со пофалби и препознавање ан нивниот Х-фактор.

Погледнете како се претставија:

Сепак, не може, а да не се забележи дека 13-годишната Илма од Босна е онаа која засега буквално го воодушеви жирито, предизвика реакции на поклонување, аплаузи и овации од цела сала, поради извонредниот зрел глас, изборот на песна, одличната контрола на гласот и техника на пеење.

Се очекува дека ќе има уште многу вакви кандидати, бидејќи тоа се бара, вистинскиот Х-фактор.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg