5 логички загатки кои ќе го „размрдаат“ вашиот мозок
Забавната страна на логичките загатки е тоа што најчесто тие се толку едноставни, што може да се решат за неколку минути, но сепак многупати знаеме да ги мислиме со часови.
Со годините, мозокот препознава сè посложени шеми на поврзување, а заборава на наједноставните, па не е ни чудно што многу од логичките загатки за кои на возрасните им требаат часови, децата ги решаваат за неколку секунди.
Ако имате чувство дека вашиот мозок предолго се одморал, „размрдајте“ го со овие интересни загатки...
1. Шапката на затвореникот
Четворица затвореници стојат во линија на неколку скалила. Сите се завртени во иста насока. Помеѓу третиот и четвртиот затвореник постои ѕид. Сумирано нештата се вакви:
- Затвореникот бр. 1 може да ги види затворениците 2 и 3.
- Затвореникот 2 може да го види затвореникот 3.
- Затвореникот 3 не може да види никого.
- Затвореникот 4, исто така, не може да види никого.
Сите затвореници носат шапки. Кажано им е дека има 2 црни и 2 бели шапки. Ниеден од нив не знае каква боја на шапка носи. Секој од нив треба да каже каква боја на шапка мисли дека носи, штом ќе биде сигурен во тоа. Но...
- не смеат да се вртат
- не смеат да зборуваат меѓу себе
- не смеат да ги симнат шапките
Кој е првиот кој ќе даде точен одговор и зошто?
2. Тешкотии на патот
При менување на гума, еден човек случајно ги испуштил сите 4 навртки во решетката од канализацијата. Се обидел на многу начини да ги извади, но безуспешно. Токму кога мислел дека ќе треба да чека со часови за некој да му помогне, се појавило некое дете и му помогнало да го реши проблемот. Следејќи го советот на детето, тој ја наместил новата гума и успешно стигнал до најблискиот сервис без никакви проблеми.
Каков совет му дало детето?
3. Подарокот на вештерката
Некогаш одамна, некој принц го прошетал целото кралство за да ја најде совршената девојка. Летото веќе завршувало, кога пристигнал до колибата во која живеела една стара вештерка. Уморниот принц ја запрашал дали може да преспие во нејзината колиба.
Вештерката веднаш го примила, му дала храна, вода и место за спиење. Следното утро, кога принцот се подготвувал да го продолжи своето патување, таа му дала подарок, велејќи му: „Ќе дојде време, кога во текот на твоето патување ќе наидеш на широка река без мост. Единствениот начин да ја преминеш реката ќе биде да допливаш до другиот брег. Оваа волшебна туника ќе ти помогне да не се удавиш!“
Принцот продолжил со патувањето, поминале 100 денови и ноќи додека принцот стигнал до реката за која му зборувала старата вештерка. Но кога конечно стигнал до неа, веќе не му требала туниката на вештерката. Знаете ли зошто?
4. Мистеријата со кафезот на зајакот
Еден фармер чувал зајаци во три големи кафези, кои биле наредени во редица во неговиот двор. Секој од кафезите бил обоен со различна боја – црвена, жолта и зелена. До пред некое време, бројот на зајаци во зелениот кафез бил двапати поголем од бројот на зајаци во жолтиот кафез. Тогаш, еден ден, фармерот зел пет зајаци од кафезот кој стоел на левата страна и ги донирал во локалното училиште. Тој, исто така, извадил половина од зајаците кои останале во кафезот од левата страна и ги пренесол во кафезот со црвена боја.
Која боја бил кафезот кој стоел на левата страна?
5. Што е заедничко за сите луѓе на Земјата?
Можете ли да наведете една работа која истовремено ја прават сите луѓе на Земјата?
Одговорите проверете ги на следната страна...