Детективска загатка за фановите на Агата Кристи: Кој ја убил госпоѓа Марија?
Ако сте љубител на детективските романи на Агата Кристи, тогаш многу лесно ќе го решите „убиството на госпоѓа Марија“... Од петмина осомничени, само еден е убиецот. Ќе погодите ли кој?
Време е да ги покажете вашите детективски способности.
Прочитајте ја внимателно загатката и обидете се да го дадете точниот одговор:
Госпоѓа Марија е убиена во нејзиниот дом во недела пред самрак. Во куќата имало уште петмина во времето на убиството - готвач, батлер, градинар, слугинка и сопругот на убиената.
Полицијата од сите нив побарала да им каже каде биле точно во времето на убиството.
Секој од петмината осомничени имал веродостојно алиби:
„Јас бев во кујната, подготвував вечера“, рекол готвачот.
„Јас бев во винската визба, барав соодветно вино за вечерата“, кажал батлерот.
„Јас бев во трпезаријата, ја подготвував масата за вечерата“, рекла слугинката.
„Јас бев во дворот, ги сечев гранките од живата ограда“, рекол градинарот.
„И јас бев во градината, гледав во ѕвездите како и секоја вечер“, рекол сопругот.
Чие алиби не е точно?