Изберете еден прстен и откријте на кој аспект од животот треба да се посветите повеќе – љубов, кариера или здравје?
Ако го избравте прстенот под број:
1. Сафир
Потребно е да се фокусирате на вашата умствена и ментална состојба. Потребно ви е да се обидете и да најдете поголем духовен мир, да се ослободите од стресот и несаканите мисли.
Најверојатно ви недостасува да се почувствувате поопуштено и да успеете да воспоставите умствен и телесен баланс.
Исто така, ако го избравте овој прстен тоа може да значи дека ви треба да се справите со одредена ментална блокада и да се фокусирате на љубовниот живот, бракот и посветеноста на партнерот.
2. Смарагд
Ви недостасува да најдете поголема страст во животот.
Оваа страст подеднакво може да биде насочена на љубовен план, на поле кариера или пак за некое хоби.
Доколку го избравте прстенот со зелен скапоцен камен, тоа најверојатно значи и дека ви е потребна поголема самодоверба за да успеете да ги остварите зацртаните цели, а најчесто тоа најсилно се одразува на полето кариера.
3. Рубин
Најверојатно се чувствувате исцрпено и потребно ви е да се ослободите од летаргичноста.
Потребно ви е да преземете чекори за да станете поенергични, да го зголемите либидото и да внимавате повеќе на сопственото здравје.
Ако најмногу ви се допаѓа црвениот камен, тоа значи дека ви недостасува да најдете начин и да ги „наполните батериите“ и да станете поенергични за да можете да се посветите на сите аспекти во вашиот живот што подолго време сте ги занемарувале.
Б. С. Б. | Црнобело