Тест на личноста: Каков е вашиот карактер според миленикот што сакате да го чувате?
Куче – Емотивни сте и лојални до самиот крај
Кучињата ве сакаат 100 проценти од времето, бескрајно, апсолутно и секогаш. Секој ден што го поминуваат со вас е најсреќниот ден во животот на вашето куче.
Не залудно се вели дека кучињата се најдобри пријатели на човекот. Ве почитуваат и ценат, а со тоа ви докажуваат дека никој никогаш нема да ве сака како нив. А, токму такви сте и вие со луѓето што ви значат.
Мачка - Вие сте безгрижни и независни
За мачката не треба премногу да се грижите, сè додека ѝ давате храна. За разлика од кучето, таа не бара толкава доза на внимание.
Доколку е нахранета, таа може да направи сè сама. Вам ви е добро затоа што таа ви прави друштво, а на неа ѝ е добро покрај вас. Истото може да се каже и за вашиот карактер.
Змија - Речиси сте бестрашни и секогаш сте подготвени за нови предизвици
Ако сакате да чувате змија како домашно милениче, тогаш најверојатно сте бестрашни и не треба да ве тестираат.
Секогаш сте подготвени за нови авантури и постојат малку работи од кои навистина се плашите.
Хрчак - Забавни сте
Тркалото по кое постојано оди хрчакот и кое постојано се врти е навистина смешно и забавно, а исто така и вие.
Сакате забава, сакате да се смеете и интересни сте за сите – но, исто така умеете да се забавувате и сами.
Птица – Чудни сте, но интелигентни и интересни
Ако сакате птици и папагали, вие сте малку чудни, но во исто време многу интересни и паметни – едноставно се издвојувате од толпата.
Ве интригираат необични и несекојдневни работи. Отсекогаш сте сакале да избегнувате класични работи и сте избирале нешто понеобично.
Диви животни - По малку сте ладнокрвни и понекогаш сте непредвидливи
Ако сакате диви животни и би сакале да чувате едно такво како домашно милениче, од една страна може да се каже дека сте ладнокрвни. Ваквите животни практично не припаѓаат во човековиот дом и навистина е тешко да се скротат.
Ним им одговара нивната природна средина многу повеќе отколку да бидат затворени во четири ѕида, а ако се затворени, можат да бидат непредвидливи, исто како и вие.
Мила М. | Црнобело