Тест според нумеролозите: Бројот на домашната адреса ја открива вашата судбина

brojot-na-domashnata-adresa-ja-otkriva-vashata-sudbina-tvrdat-numerolozite-03_copy.jpg

Број 1

Овој број носи индивидуалност и оригиналност.

Луѓето кои живеат на адреса чиј број е 1, често имаат бројни идеи, започнуваат нови проекти, прифаќаат предизвици - и тоа главно со голем успех.

Сепак, колку и да е добра бројката од финансиски аспект, таа носи помалку среќа во приватниот живот, бидејќи поттикнува осаменост и критично однесување кон другите.

Единицата носи неодлучност за важни животни одлуки.

Пожелно е куќата да се уреди во тонови на златна, портокалова, маслинесто зелена боја за да се зголеми позитивното и да се намали негативното влијание. Домаќинствата треба да се грижат за нивната визија и циркулација.

Број 2

Овој број симболизира промени, па луѓето кои живеат во дом со број 2, често се селат оттаму, а во домот пристигнуваат нови луѓе.

Во него, на домаќините ретко им е здодевно, а лесно се создава атмосфера на шарен семеен дом.

Обично тоа е многу едноставно место, малку неуредно, а поттикнува плодност и заљубување.

Луѓето кои живеат таму често работат од дома или ја носат својата работа дома и имаат интерес за технологија, патување, алтернативна медицина и астрологија.

Поради својата избувливост, тие често носат лоши деловни одлуки и мора да почнат од нула.

Во врските овие луѓе можат да бидат премногу зависни од другите.

За да го подобрите позитивното и да го намалите негативното влијание на овој број врз домот, треба да внесете што е можно повеќе светлина и да ги расчистете непотребните работи.

Уредете го со кафеави, сиви и беж тонови.

Оние што живеат во овие домаќинства треба да внимаваат на проблеми со белите дробови, кожата и стомакот.

Број 3

Бројот 3 е симбол на проширување, обновување и подобрување.

Луѓето кои живеат во домови со оваа бројка често се перфекционисти. Обично се љубезни, лојални, со оптимистички поглед на животот, но и воздржани.

Имаат извонредно чувство за хумор и силни ставови за слободата, религијата и семејството.

Знаат да се однесуваат екстравагантно и да трошат пари што ги немаат, а тоа им носи финансиски проблеми.

Тие често имаат големо семејство, сакаат да се препуштаат на пороците и генерално имаат здравствени проблеми уште во средната возраст.

Во нивниот дом се добредојдени сините тонови и растенијата – тие ќе го намалат негативното влијание на бројот 3.

Луѓето што живеат во овие домови треба да се потрудат да бидат што е можно порационални и практични, да одржуваат нормална телесна тежина и да ја проверуваат состојбата на срцето и хормоните.

Број 4

Овој куќен број се поврзува со комплицирано место за живеење бидејќи е симбол на конфликт - две спротивставени сили, од кои едната се бори за стабилност, а другата за промена.

Во овој дом постојано нешто се реновира, менува или купува, како домот да живее свој живот исто како и домашните.

Во исто време, бројот 4 им носи еден вид чувствителност, емпатија и духовност на своите жители, па тие зрачат со голема харизма.

Конфликтите на темпераментот се многу чести во овој дом. Овој куќен број не е за кревките и плашливите, туку за луѓето кои се навикнати да функционираат под стрес и имаат голема внатрешна сила.

За да го намалите негативното и да поттикнете позитивно влијание, добро е во домот да имате многу свеќи, цвеќиња и стаклени украси.

Домаќините треба да внимаваат на мигрена, депресивни мисли и проблеми со 'рбетот.

Број 5

Овој број симболизира хармонија, поволни мисли и емоции.

Во овој дом се постои голема дружељубивост, на домаќините често им доаѓаат гости, се разменуваат информации и озборувања и има многу смеа.

Солидарноста и стабилноста се главните поволни влијанија на бројот 5, а членовите на домаќинството најчесто се успешни, особено во средната и во подоцнежната возраст.

Својата среќа ја градат полека и намерно, но можат да ги надминат сите препреки ако се фокусираат на напорна работа.

Лошиот аспект на бројот 5 е невнимание, на пример заборавање клучеви, да се исклучат шпоретот, пеглата и слично, што резултира со чести привремени непријатности.

Додаток кој ќе го зајакне позитивното, а ќе го намали негативното влијание се металните предмети.

Од здравствените проблеми, на домаќините најмногу им се заканува висок крвен притисок, но и проблеми со инфекции на увото, грлото и носот.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Тест на личноста: Дали лесно ги покажувате емоциите или сте емотивно затворени? Дали прво видовте профил на жена или гранки од дрвја кои се свиткани поради вете...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...
Одберете еден ангел и откријте каква скриена порака ви шепоти Се верува дека ангелите се гласници и на грчки и латински јазик, зборот означува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg