Тест: Дали јазикот ви е побрз од паметот?
Некогаш за тоа ќе платите висока цена, но никако да научите јазикот да не ви биде побрз од паметот?
Решете го овој тест и дознајте дали во животот е најтешко да го совладате напливот на зборови кој често ви излегува од устата.
1. За време на ручек со пријател/ка, сте отрчале до тоалетот поради пречки во варењето. На враќање пријателот/пријателката ве прашува како сте, а вие одговарате:
а) Ја менувате темата.
б) Давате детален опис на случувањата.
в) Беше грозно, ти благодарам што се грижиш.
2. Кои информации никогаш не би ги споделиле со вашето момче/девојка?
а) ПИН-от од вашата картичка. Другите тајни не би требало да имате, паровите делат сè.
б) Бројот на партнери/партнерки со кои сте спиеле и интимните детали од своите претходни врски.
в) Половина од она што го мислите.
3. Кои сè информации може да се најдат на вашиот Фејсбук профил – освен вашиот статус?
а) И-мејл адреса и фотографии кои може да ги видат само вашите пријатели.
б) Речиси сè.
в) Фотографии од ноќните проводи и список од омилените песни и бендови.
4. Што обично ви велат луѓето кога со нив ќе споделите некоја интимна приказна?
а) Вау!
б) Не е фер, застана кај најинтересното.
в) Интересно, ме потсетува кога јас...
5. Ако во текот на разговорот за работа ве прашуваат за некои чувствителни работи и информации поврзани за фирмата во која што во моментот работите, вие би:
а) Понудиле некој чесен одговор.
б) Би ја смениле темата.
в) Би рекле никому да не кажат, но... би откриле интересни податоци во надеж дека ќе ве примат.
Најмногу одговори под а)
Зборувате со мерка
Своето мислење и искуства за работата и некои други работи со задоволство ќе ги поделите со другите, но деталите од приватниот живот ги чувате само за најблиските пријатели. Не сте сигурни дали на вашите соговорници им е интересно да знаат се за вас, па така поставувате граница. Вие знаете кога треба да застанете со приказната. За некои потполно лични работи не зборувате со никого.
Најмногу одговори под б)
Кочници што попуштаат
Вие сте во златната средина. Сакате да зборувате и другите да ве слушаат. Затоа понекогаш сте принудени да изнесувате и доверливи информации - само за да го задржите вниманието на слушателите.
Најмногу одговори под в)
Отворено
За вас нема интимни работи, вам ви требаат само неколку минути познанство и можете се да раскажете. Сакате да зборувате, тоа е суштината на вашето постоење. При тоа не размислувате многу колку се вашите теми интересни за другите.