Тест: Што ќе одберете?

Колку пати во животот сте посакале да летате, да гледате во иднината, да можете да бидете некое животно на момент? Замислете дека и ова е возможно сега.

test-sto-ke-odberete3

Имате на располагање 8 капсули, секоја со различна моќ и дејство. Нè интересира која ќе ја одберете?

Жолта капсула:
Ви дава способност да ги читате мислите на сите околу вас кои се на 100 метри радиус. Може да се користи само 5 пати на ден, максимум 30 минути.

Зелена капсула:
Дава способност да летате. Може да се користи само 3 пати на ден, максимум еден час.

Сина капсула:
Дава можност да станете најдобар во било кој спорт по ваш избор. Но, токсините дозволуваат да живеете само уште 10 години откако ќе почнете да ја консумирате.

Портокалова капсула:
Ви дава можност да бидете хај и без марихуана. Може да се користи само 4 пати на ден и трае 45 минути.

Црвена капсула:
Ви дава можност да пристапите на Интернет со мислите. Може да се користи 6 пати на ден, максимум трае 1 час.

Розова капсула:
Дава можност да се претворите во што ќе посакате. Може да се користи 2 пати на ден, трае максимум 2 часа.

Сива капсула:
Ќе можете да направите некој да ве засака со само еден допир. Може да се искористи 10 пати во целиот живот. Може да се вклучува и исклучува.

Црна капсула:
Дава можност да гледате во иднината, максимум 5 години. Може да се користи во секое време, но никако во јавност.

Што ќе одберете?

Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Квиз: Каков тип на турист сте? Што ви е најважно кога одите на патување? Дали сте турист што сака луксуз, да вн...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Квиз: Општи прашања за Скопје на кои треба да го знаете одговорот Без разлика дали живеете во Скопје или не, факт е дека сите треба да имаме барем...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg