Прочитајте ја судбината од дланка: Што ви носи иднината?
Ако ве интересира хиромантијата, еве еден мал водич за толкување на линиите на дланката.
Левата рака ни говори за наследните способности и од неа може да се „чита“ што ќе ни донесе иднината.
Десната рака покажува што сме постигнале во животот до денес.
Линија на животот: Таа почнува помеѓу палецот и показалецот и поминува преку венериниот брег кон рачниот зглоб. Ако е долга, длабока и мазна тоа значи добро здравје и длабока старост. Прекините и разгранувањата надолу укажуват на болести и/или незгоди.
Линија на главата: Над линијата на животот хоризонтално поставена преку дланката. Ако е долга и длабока значи опсежна памет. Кратка и длабока: еднострана памет. Опаѓачки тек на смерот: фантазер. Насока која оди нагоре: здодевен, објективен. Заеднички почеток со линијата на животот: разумно општење со другиот пол. Почеток далеку над линијата на живот: Наклоност кон лицемерие. Мали попречни црти низ линијата на главата: склоност кон главоболка.
Линија на срцето: Над линијата на главата со спротивен правец (од малиот прст до показалецот). Долга, длабока, мазна: искрено чувство и милост. Крајот на линијата на срцето помеѓу показалецот и средниот прст: добар и пожртвуван. Крај на показалецот: алчен за власт. Крај на линијата зад показалецот: го посветува животот на едно единствено занимање. Колку се поблиску линијата на срцето и линијата на главата, повеќе доминира главата над чувствата.
Линија на судбината: Од рачниот зглоб до средниот прст. Многу длабоко врежана: пропишаната судбина го одредува животниот пат. Линијата на судбината почнува дури од средината на дланката: задоцнет успех. Линијата на судбината ја нема: својствено одреден животен пат. Прекини: лоша нарав. Цик-цак линија: несреќа, скршнување од правиот пат.
Линија на уметноста: Скршнува од линијата на судбината до домалиот прст. Особено изразена: уметничка надареност. Ако покрај линијата на уметноста може да се види уште една друга линија (линија на парите) личноста може да живее од својот талент. Крстчиња и квадрати на линијата укажуваат на дополнителна заработувачка. Ако изостануваат двете линии нема да има ниту слава ниту среќа.
Линија на Меркур: Десно покрај линијата на уметноста, под малиот прст. Една линија, долга и силна: деловна способност. Повеќе тенки линии: научни интереси. Линијата на Меркур споена со линијата на парите, или уметноста: богатство низ наука и работење.
Линија на здравјето: Лак под линијата на Меркур. Таа изостанува кај многумина. Ако е присутна укажува на здравствени проблеми. Често на болки во внатрешните органи.
Линија на среќата: Тоа се прближно четири линии околу зглобот. Ако се јасни: среќа. Ако се испрекинати: среќа, но после напорна работа. Ако изостанат: нема среќа.
Еротски линии: мали линии на венериниот брег. Еден голем венерин брег укажува на изразена чувствителност и виталност. Мрежа од линии: склоност кон расправии и кратки врски.
Линии на успехот: Мали линии од линијата на главата до показалецот: прави линии: амбиција која води до успех. Вкрстени линии: пречки на патот до успехот. Линиите кои се сечат се посилни од линијата на успехот: неуспех на амбициозните планови.
Венусов круг: Лак под срдниот прст и домалиот прст. Затворен круг: разочарување во љубовта. Полуотворен круг: разочарувањето ќе биде совладано. Повеќе кругови: преголема чувствителност која го отежнува заедничкиот живот.
Линии на контакти: линиите под малиот прст. Нивниот број зборува за бројот на пријателствата. Ако одат нагоре: среќни врски. Надолу: несреќни врски. Испресечени линии: врски полни со судири.
Марсов прст: ако горниот дел од палецот е голем: силна воља. Ако е долниот дел поголем повеќе логика од разум.
Јупитеров прст: колку поизразен показалец, толку поголема алчност за власт. Ако е релативно краток: наклоност кон подложност.
Сатурнов прст: неговата изразеност покажува наклонетост кон внимателност и нагодување.
Аполонов или прст на сонцето: домалиот прст ги покажува емоциите. Ако е долг: склоност кон претерување, но исто такa и кон уметнички темперамент.
Меркуров прст: ги покажува социјалните таленти, социјален и друштвен е оној чиј мал прст достигнува до горниот дел од домалиот прст.