Тест: Името на мажот открива каков е во кревет
Само треба да соберете „два и два“ и ќе дознаете каков маж имате покрај себе. Затоа почнете да сметате!
На секој вокал (значи на буквите А, Е, И, О, У) додајте го одредениот број и соберете.Така уште при запознавањето ќе можете да откриете со каков маж имате работа.
Најпрвин запишете ги сите вокали во името на партнерот. Потоа на секој вокал додајте го одредениот број и соберете ги.
Ако добиете двоцифрен број, соберете ги неговите цифри, така да добиете едноцифрен.
A - 1
E - 5
И - 9
O - 6
У - 3
Пример: Марко 1 + 6 = 7
1
Тој е прилично добар во креветот – но само кога е расположен и кога навистина сака секс. За жал, тоа не е баш чест случај. „Уморен сум!“, „Имав напорен ден на работа!“, „Не можам сега ништо да работам!“ се речениците кои често ги изговара. Околу него навистина ќе мора да се потрудите, сè додека конечно не се согласи на секс. А кога тоа, најпосле ќе се случи, ќе биде исклучително нежен и страсен љубовник.
2
За овој маж не би смееле да тврдиме дека е совршен љубовник. Имено, „тој не може да му се фати ниту на малиот прст“. Овој маж е здодевен, тој е само бледа сенка на љубоникот кој секоја жена би го посакала крај себе. Тој сака да се фали со своите „потфати“ иако тоа се само обични лаги. Ако повеќе се посвети кон себе, можеби тогаш би дознал што е страст и желба. Затоа, помогнете му подобро да се запознае.
3
Овој маж обожува секс, и тоа оној жестокиот. Но, при тоа обрнува внимание и на желбите на својата партнерка. Ќе се погрижи за романтична атмосфера и ќе и посвети доволно внимание на жената со која што е. Сепак, ваквото негово однесување не делува спонтано. По неколку недели поминати со него ќе имате впечаток дека сè е испланирано и – бргу сето тоа ќе ви досади. Затоа ви ја препорачуваме следната тактика: изненадете го и направете сè да нема досада во вашиот живот.
4
Со овој маж можете да доживеете прекрасен секс – но, само ако имате исти интереси и желби како и тој. Тој никогаш не се откажува од сексот, дури и ќе се преправа дека нешто му годи иако не е така. Тоа пак не значи дека сака игри, туку дека повеќе му се допаѓаат масажата или одредени пози. Доколку вам тоа не ви се допаѓа – не е добро.
5
Овде станува збор за исклучително шармантен маж. Тој знае повеќе тајни желби и умее да ве доведе до лудило со само еден допир. Некогаш и погледот е доволен за да ве направи среќна. Сепак, не смеете да го прашате каде и како ги научил тие „цаки“ – тоа може да го повреди.
6
Зад овој број се крие следнава порака: тој го сака сексот, но во себе носи и нешто „животнинско“. Бројот 6 е ѓаволски број. Кога ќе се опушти, нема да можете да го задржите. Можеби токму тоа ви се допаѓа? Одлично! Доколку сакате да доживеете неверојатна среќа, да почувствувате страст, од овој маж нема да се одвојувате.
7
Ниту еден маж нема да покаже повеќе чувства од овој. Тој умее да го сослуша својот соговорник, тој е внимателен и нежен љубовник. Сака да слуша лесна и романтична музика и д аужива со „сите сетила“. Дали е тоа навистна маж? Да! Ако вам баш тоа ви се допаѓа, препуштете му се и забоавете на се околу себе.
8
Бројот осум е бесконечност, а вие сте „уловиле“ маж кој не знае што е доста. Тој секогаш сака секс и тоа интензивен. Навистина ќе ви биде убаво ако и вие сте такви. Во спротивно ќе мора да ги задоволите неговите страсти на некој друг начин. Зошто да не? Сето тоа само ќе ја разбуди неговата страст. Сонот на многу жени е да бидат со ваков маж.
9
Бројот девет симболизиа разузданост и „дивина“. Кога овој маж ќе ја демионстрира својата страст ќе имате чувство дека сте во сосема друг свет. Нему сексот му е во крвта, а уметноста на заведувањето е негово „средно име“. Единствен проблем е што ништо друго не му е на ум.
Момци, има ли вистина во ова?
Се пронајдовте ли?