Брз тест по македонски јазик: Каде треба, а каде не треба да ја пишуваме буквата „ј“?

brz-test-po-makedonski-jazik-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-ja-pishuvame-bukvata-j-02.jpg

1. Буквата „ј“ се пишува во суфиксот –ји, како во примерите: божји, кравји, рибји, но, постои исклучок кај придавките: волчи (волчо) и овчи (овчо), па оттука:

волчи (заби);

2. Кога една до друга во зборот ќе се најдат самогласките И и А, тогаш задолжително се пишува буквата „ј“, па оттука:

материја;

3. и 4. Кога една до друга во зборот ќе се најдат самогласките Е и А, тогаш задолжително се пишува буквата „ј“, па оттука:

Алеја на великаните и грејач;

5. и 6. Кога во зборот ќе се најдат три или повеќе самогласки една до друга, меѓу втората и третата се пишува буквата „ј“, па оттука:

досиеја, пееја;

7. Во минато определено свршено време пред буквата А се пишува „ј“, па оттука:

се покаја;

8. и 9. Постојат повеќе исклучоци за пишувањето на буквата „ј“ помеѓу самогласните букви, па така буквата не се пишува во следните примери:

Греам, свиок;

10. Исто така „ј“ не се пишува кај придавките што завршуваат на –ски, а се изведени од именки на –ија, па оттука:

азиски.

 Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Брз тест по правопис  – Каде се пишува буквата „ј“, а каде не? „Се насмеаа“ или „Се насмеаја“, „Спиеа“ или „Спиеја“... Како беше правилно? „...
Квиз: Прашања кои мора да ги знаете ако сте имале 5-ки во училиште Знаете ли што е Ел Дорадо или кои бои се наоѓаат на знамето на Италија? Знает...
Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Квиз: 10 (лесни) научни прашања што повеќето ги одговараат погрешно Знаете ли колку бои има виножитото или колку време ѝ треба на светлината да стиг...
Квиз: Колку знаете за 7-те светски чуда на модерниот свет? Големиот кинески ѕид, Таџ Махал, Чичен Ица – проверете колку знаете за 7-те свет...
Квиз: Колку реки во Македонија ќе погодите од измешаните букви? Не мора да сте експерти по географија за да погодите барем неколку од овие реки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg