Брз тест по македонски јазик: Каде треба, а каде не треба да ја пишуваме буквата „ј“?
Дали имате солидно познавање од правописот на македонскиот јазик? Проверете колку добро се сеќавате на правилата за пишување на буквата „ј“.
Некогаш се чини дека македонскиот јазик е многу тежок за учење затоа што речиси во сите правила има по некој исклучок, а исклучоците најчесто мора да се помнат.
Колку помните каде по правило се пишува буквата „ј“, а каде не треба?
Проверете си го знаењето низ овие 10 брзи примери - како е правилно?
1. волчји (заби) – волчи (заби);
2. материја – материа;
3. Алеа на великаните – Алеја на великаните;
4. греач – грејач;
5. се покаја – се покаа;
6. досиеја – досиеа;
7. пееа – пееја;
8. греам – грејам;
9. свиок – свијок;
10. азиски – азијски