Брз тест по македонски јазик: Каде се пишува буквата „в“, а каде не?

Чувство или чуство? Вторник или фторник? Зошто се пишува со „в“ кога го изговараме со „ф“? Тестирајте се набрзина дали добро го владеете правописот или потребно ви е освежување на меморијата и знаењата.

brz-test-po-makedonski-jazik-kade-se-pishuva-bukvata-v-a-kade-ne-01.jpg

Гласовите В и Ф се пар од звучна и безвучна согласка, така што понекогаш во правописот може да се јави проблем заради неопходното едначење по звучност.

Кога во зборот ќе се најдат две согласки една до друга, различни по звучност, тие се изедначуваат — или двете стануваат звучни или двете безвучни.

Според правилото едначењето по звучност секогаш се прави според втората самогласка, но се чини дека во македонскиот јазик во секое правило има исклучок.

Дополнително, во некои зборови воопшто не се користи буквата „в“, но многумина упорно погрешно ги пишуваат така. Знаете ли каде се испушта оваа буква?

Проверете низ 10 примери колку добро се снаоѓате со употребата на буквата „в“:

1. Атмосвера или атмосфера;

2. Свати – Сфати;

3. Евтин - Ефтин;

4. Взаемен – Заемен;

5. Превземе - Преземе;

6. Завземе – Заземе; 

7. Однатре – Одвнатре; 

8. Вторник – Фторник; 

9. Всушност – Фсушност; 

10. Претчуство – Претчувство.

Точните одговори се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Ќе погодите ли 10 (лесни) зборови на странски јазици? Знаете ли како е зборот „маса“ на англиски или, пак, зборот „чао“ на германски? ...
Квиз: 10 (потешки) прашања за сезнајковци Знаете ли која е првата цивилизација во светот или, пак, што значи зборот „хисар...
Брз тест: Погодете го значењето на турцизмите во македонскиот јазик Знаете ли што значи зборот абдал или, пак, зборот хисар? Во македонскиот ја...
Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат разделено, а кои не? Дали знаете како е правилно – сеуште или сè уште? А, дали е правилно многуброен ...
Брз тест по македонски: Погодете го значењето на старите зборови Сте го слушнале ли зборот коприна? Можете ли да погодите што значи? Сте го сл...
Квиз: Дали разликувате синоними и антоними во македонскиот јазик? Ги знаете ли синонимите за зборовите дебакл и абер? А, го знаете ли кој збор е а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg