Тестирајте се колку го познавате правописот на македонскиот јазик низ 10 кратки прашања
Дали беше фотокопија или фото копија, визит-карта или визиткарта, повеќе пати или повеќепати? Низ овие десет примери можете да го освежите вашето знаење за правописот на македонскиот јазик. Тестирајте колку добро се сеќавате на правописните правила во македонскиот стандарден јазик.
Кога станува збор за слеаното или одделното пишување на зборовите, како учениците, така и возрасните, честопати се соочуваат со проблеми.
Правописот на македонскиот јазик се чини тежок затоа што речиси во секое правило има исклучоци, па неопходно е постојано да се потсетуваме на некои правила што се збунувачки и лесно се забораваат.
Во продолжение проследете 10 примери низ кои можете да тестирате колку добро ги познавате правилата за слеано или одделно пишување на зборовите.
Како правилно се пишува?
1. Најјужен дел или нај јужен дел
2. Фотокопија или фото-копија
3. Од страна или отстрана
4. Мајками или мајка ми
5. Кое што или коешто
6. Визит-карта или визиткарта
7. По малку или помалку
8. Не смее или несмее
9. Не сакајќи или несакајќи
10. Повеќепати или повеќе пати