10 кратки прашања низ кои ќе тестирате дали го владеете македонскиот правопис
Кога станува збор за слеаното и разделното пишување на зборовите честопати проблеми имаат и учениците, но и повозрасните. Во продолжение погледнете неколку примери и проверете колку добро го владеете правописот на македонскиот стандарден јазик.
Два или повеќе одделни збора добиваат ново значење откако ќе се спојат во еден сложен збор, а токму во ваквите случаи имаме најмногу проблеми и дилеми кога станува збор за слеаното и разделното пишување на зборовите.
Проверете колку добро сте запознаени со правописот на македонскиот стандарден јазик, преку следните десет примери:
1. Не може или неможе
2. Не сака или несака
3. Три пати или трипати
4. Вчера вечер или вчеравечер
5. На пролет или напролет
6. Неможејќи или не можејќи
7. Например или на пример
8. Сеуште или сè уште
9. Со сила или сосила
10. Сè опфатен или сеопфатен.