Квиз за експерти по македонски јазик и лексикологија: Во која категорија спаѓаат зборовите?

Лексикологија е дел од лингвистиката што го проучува составот на зборовите на еден јазик.

kviz-leksikologija-istorizmi-arhaizmi-neologizmi-individualizmi-kje-gi-plrepoznaete-li-01.jpg

Зборовите се разгледуваат од повеќе аспекти, а доколку се задржиме на процесот на обновата можеме да забележиме како тие се менувале или заменувале со други зборови, низ текот на годините.

Според историскиот развиток, односно според процесот на обновата, зборовите се делат на: историзми, архаизми, неологизми и индивидуализми.

Историзми се зборови што се употребувале во минатото, а предметите и појавите кои ги означувале, денес повеќе не постојат.

Архаизми се застарени зборови кои под влијание на современите синоними се истиснуваат од употреба. Предметите и појавите кои ги означуваат сè уште постојат.

Неологизми се новосоздадени зборови кои сѐ уште не навлегле доволно во активниот речник. Со текот на времето тие се прифаќаат само ако се во духот на јазикот.

Индивидуализмите се нови зборови, авторски креации за поинаков и повпечатлив начин на изразување. Тие се чести во јазикот многу наши поети и прозаисти.

Во продолжение за вас подготвивме низа реченици каде всушност се „кријат“ некои од овие категории на зборови.

Ќе се обидете ли да препознаете за кои станува збор?!

Во која категорија спаѓаат зборовите?
  1. 1. Во која категорија спаѓа зборот „чорбаџијата“?
    Одговор
  2. 2. Во која категорија спаѓа зборот „миксерот“?
    Одговор
  3. 3. Во која категорија спаѓа зборот „адети“?
    Одговор
  4. 4. Во која категорија спаѓаат зборовите „султан“ и „везир“?
    Одговор
  5. 5. Во која категорија спаѓаат зборовите „даскал“ и „еќим“?
    Одговор
  6. 6. Во која категорија спаѓа зборот „булингот“?
    Одговор
  7. 7. Во која категорија спаѓа зборот „недоустена“?
    Одговор
  8. 8. Во која категорија спаѓа зборот „јаничарите“?
    Одговор
  9. 9. Во која категорија спаѓа зборот „катиљ“?
    Одговор
  10. 10. Во која категорија спаѓа зборот „мобилен“?
    Одговор

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Брз тест по македонски: Погодете го значењето на старите зборови Сте го слушнале ли зборот коприна? Можете ли да погодите што значи? Сте го сл...
Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат разделено, а кои не? Дали знаете како е правилно – сеуште или сè уште? А, дали е правилно многуброен ...
Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Квиз: Дали разликувате синоними и антоними во македонскиот јазик? Ги знаете ли синонимите за зборовите дебакл и абер? А, го знаете ли кој збор е а...
Квиз: Ќе погодите ли 10 (лесни) зборови на странски јазици? Знаете ли како е зборот „маса“ на англиски или, пак, зборот „чао“ на германски? ...
Квиз: Ќе положите ли македонски јазик и литература на државна матура? Во која категорија спаѓаат зборовите адне, хејта и лајкне според нивната употреб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg