Колку добро ги знаете имињата на жителите на македонските населени места?
Дали е беровчанец или беровец? Тестирајте се низ 10 примери колку добро ги знаете имињата на жителите на македонските градови и општини.
Дали ги знаете точно утврдените форми на жителите на македонските општини и градови според Правописот на македонскиот јазик? Ако да, тогаш без проблем ќе го решите овој квиз.
Мора да напоменеме дека некои од имињата имаат и по две форми, а некои не.
Ако не сте биле информирани, тогаш овој квиз ќе ви помогне да научите нешто ново и, секако, важно е да запомните дека имињата на жителите на градовите и населените места се пишуваат со мала буква.
Проверете се во продолжение:
1. Богданци - богданец или богданчанец;
2. Делчево - делвечанец или делчевец;
3. Македонски брод – бродјанец или броѓанец;
4. Неготино – неготинец или неготинчанец;
5. Дојран – дојранчанец или дојранец;
6. Свети Николе – светиниколец или светиниколчанец;
7. Ресен – ресенчанец или ресанчанец;
8. Берово – беровчанец или беровец;
9. Гостивар – гостиварчанец или гостиварец;
10. Тетово – тетовец или тетовчанец.