Тест: Вашиот совршен партнер

test-bojata-otkriva-kakov-e-vasiot-sovrsen-partner-povekjeЕдна од честите забави е одредувањето каков партнер ви одговара на основа на овој, или оној детал. Еден таков, едноставен тест, ви нудиме денес.


Како и кај сите тестови од овој вид, резултатите не треба да ги земате здраво за готово - целта е да се забавуваме.

За почеток, погледнете ги боите на сликата, а потоа размислете која боја најмногу ви се допаѓа: портокалова, виолетова или зелена?

test-bojata-otkriva-kakov-e-vasiot-sovrsen-partner

Тоа не мора да биде бојата која најчесто ја носите, ниту пак бојата која би ја употребиле доколку имате доволно пари за декорација на станот. Едноставно изберете ја бојата која во моментов најмногу ви се допаѓа. Потоа прочитајте ги резултатите подолу.

Зелена

Вие сте практични и се грижите за другите; кога ќе го запознаете потенцијалниот партнер, тие ваши особини ќе го наведат отворено да ви зборува за себе, да се почувствува пријатно и да осети дека во целост го поддржувате.

Уште на почеток од врската забележувате што му/и е важно. Слободно верувајте им на инстинктите, како и на својата способност да ги сослушате другите, бидејќи ви помагаат да разберете што очекува потенцијалниот партнер од врската.

Важна ви е партнеровата интелегенција – таа ја поттикнува вашата љубопитност. Кога одбирате брачен другар, одбирате некој со кого ќе се чувствувате сигурно (за некого тоа се домот и децата, за некого парична сигурност, за некого врска во која ќе се грижи некој за вашите потреби, или комбинација од наведеното).

Личноста со која трајно се врзуваат оние што ја одбрале зелената боја е стабилна. Мало предупредување: тоа што сте отворени и делувате како невино суштество (односно по малку наивно и неискусно) може да ви отежни при пронаоѓањето партнер каков што сакате, бидејќи луѓето понекогаш добиваат погрешен впечаток за вас, па ќе се разочараат кога ќе сфатат дека не сте она што го очекувале.

Виолетова

На почетокот кај потенцијалниот партнер ќе ве привлече неговата/нејзината енергија, но вам всушност најмногу ви одговараат оние што ве смируваат и прават да се чувствувате добро во сопствената кожа.

Мажите/жените ги привлекува вашето по малку драматично однесување, а вашиот ентузијазам прави да се чувствувате силно – нивните сопствени животи со вас им се чинат возбудливи и чувствуваат дека можностите им се бескрајни.

Верни сте, врските за вас се нешто сериозно. Кога избирате партнер за брак, покрај тоа што мора да ги задоволи порано наведените критериуми, се одлучувате за оној што подобро изгледа.

Оние кои одбрале виолетова боја, во брак стапуваат со згодни партнери. Мал совет: пружете му на потенцијалниот господин или госпоѓица шанса – немојте однапред ништо да претпоставувате, судете за него/неа по неговото/нејзиното однесување, а не по тоа колку се вклопува во некој ваш замислен идеал.

Портокалова

Харизматични сте, лесно може човек да ве засака и пријателски сте настроени, што многу му се допаѓа на потенцијалниот партнер. Го користите допирот за да им да дадете до знаење дека ги слушате и дека се грижите за нив, што ви овозможува да ја согледате вистинската состојба во односите и ситуациите.

Иницијално ќе ви се допадне како некој изгледа, но за трајна врска бирате интелигенција. Ќе му се посветите на паметен маж/паметна жена и склони сте на тоа бракот да го сфатите во смисла „додека смрта не нè раздели“. Градите однос со оној што може да ве научи нешто ново.

Оние што одбираат портокалова стапуваат во брак со интелигентни. Мало предупредување: кога прв пат ќе сретнете некого, често ја криете својата ранлива страна, тоа е паметен систем на одбрана. Доколку со време не се отворите, можно е потенцијалниот партнер никогаш да не ја дознае вашата вистинска природа.

Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...
Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg