Тест: Кој е проблем во врската?

test-koj-e-problem-vo-vrskata-povekjeСе чувствувате како да се натпреварувате со партнерот/ партнерката, на кого му е полошо на работа, кој има повеќе обврски и кого повеќе го...

 

...вади од такт шефот. Не сте единствени. Влеговте во широк круг луѓе кои се борат за опстанок секој месец. Се жалите, но не можете да стигнете на ред од маките на партнерот. На крајот од денот никој од вас нема сила да се прегрнете, а камо ли да имате секс.

Совет: испразнете се на пријателите, во теретана или во природа. Сочувајте енергија за долго водење љубов пред спиење.

Проверете кој е проблемот во вашата „зафатена“ врска:

1. Кој истура бес во гужвите по улиците?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

2. Кој пие за да го заборави напорниот ден на работа?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

3. Кој одбива секс заради обврски?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

4. Кого предупредија на работа да се смири малку?   

а) јас
б) партнерот/ партнерката

5. Кој почесто се жали на болки или болести?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

6. Кој се расправа за ситници?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

7. Кој се теши полесно со храна?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

8. Кој не може да заспие од грижи?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

9. Кој е исцрпен за време на викендот?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

10. Кој почесто се извинува заради бесни испади?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

11. Кој повеќе ќе се изнервира ако заспие на работа?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

12. Кој се жали повеќе на напнатост и нервоза?

а) јас
б) партнерот/ партнерката

Пресуда:

Откако двајцата ќе го решите тестот, ќе видите колку добро се познавате и кој е виновникот за тоа што вашата врска пати. Ако повеќето одговори се поклопуваат, тогаш потребно е да си посветите внимание, нежност и потпора, но ако имате различни одговори – време е за разговор.

На маките на партнерот немојте да одговарате со сопствените проблеми, туку сослушајте го и обидете се да му помогнете за да ја вратите меѓусебната блискост.

Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...
Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg