Тест: Сами или во друштво?

test-sami-ili-vo-drustvo-povekjeСакате да поминувате повеќе време во друштво или сосема ви е добро кога сте сами? Решете го овој тест, а вашите одговори на прашањата ќе...

 

...ви кажат нешто повеќе за вас. Нема грешни одговори, има само различни ставови. Запишувајте си ги бројчињата на вашите одговори.

Кој е вашиот моментален љубовен статус?

1. Во врска сте и функционирате како едно
2.
Во врска сте, но меѓусебно оставате простор
3.
Не сте во врска

Кога влегувате сами во полна просторија, помислувате...

1. Ех да ми беа пријателите овде, и го вадите телефонот.
2. Ок, кај се згодните дечки/женски?
3. Ок, кај е шанкот?

Сексот за вас е...

1. Пријатен, иако секогаш е присутна и малку нервоза
2. Игра во која го имате главниот збор
3. Нешто кое се прави на филм, односно глума

Во кујната имате тајна залиха на:

1. Колачиња и сладолед
2. Чипс и грицки
3. Алкохол и марихуана

Последната голема расправија ви беше со...

1. Мајка ви
2. Дечкото/девојката
3. Пријател

Кога сте голи се чувствувате...

1. Непримерно, барем така ви сугерира внатрешниот глас
2. Секси, ако осветлувањето е соодветно
3. Здраво огледало, еве сум пак!

Кога доаѓате дома

1. Седите на компјутер со вклучен телевизор
2. Го вклучувате телевизорот
3. Читате книга и уживате во тишината

„Познавам совршен брачен пар кој одлично се согласува во се“

1. Вистина
2. Мислам дека да, но веројатно оставаат таков впечаток и сигурно имаат некоја темна страна
3. Невистина

Резултати:

Најмногу одговори под број 1. – не можете да бидете сами, брзо си здосадувате, паѓате во депресија и често не можете да се справите со сопствените мисли. Посреќни сте и подобро функционирате во друштво.

Најмногу одговори под број 2 – ја сакате сопствената слобода и не сте спремни да се откажете од неа, но сепак тежнеете кон друштво. Не саката потполна тишина, но исто така не се дружите со првата личност која ќе ја сретнете.

Најмногу одговори под број 3 – Најдобро се чувствувате сами со себе. Се сомневате во среќни врски и искрени меѓучовечки односи. Среќни сте сами затоа што така никој не може да ве повреди, а не ви се потребни другите за да се чувствувате добро во сопствената кожа.

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...
Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg