Тест: Приоритети според Фројд
Ова е краток тест наречен “Тест на приоритети според Сигмунд Фројд“. Потребно ви е малечко ливче и пенкало и само неколку минути за да видите што ви е...
...важно во животот.
Бидете искрени.
Дома сте, и во исто време се случуваат 5 работи на кои им е потребно вашето внимание:
1 - Телефонот ѕвони
2 - Детето почнува да плаче
3 - Некој ѕвони на врата
4 - Само што сте ставиле алишта да се сушат надвор, а почна да врне
5 - Водата која сте ја пуштиле од славината, почнала да се прелива и да ја поплавува кујната.
По кој редослед ќе ги решавате проблемите?
Запишете ди го редоследот на ливче и потоа проверете како донесувате важни одлуки. Резултатите ќе ги видите подолу.
.
.
.
.
.
.
Секој број претставува некој дел од вашиот живот, а еве што означуваат:
1 – Телефон = работа
2 – дете = фамилија
3 – Врата = пријатели
4 – алишта = пари
5 – вода = секс
Редоследот кој сте го избрале претставува редослед на приоритетите во вашиот живот.
И, кој се реши прво да ја затвори водата?