Тест: Најдобар партнер за секс
Овој тест ќе ви открие каков тип на љубовник сте вие и кој ви одговара во кревет. Како вашиот карактер влијае на сексот, со кој хороскопски знак...
...најдобро се сложувате, кој ве привлекува најмногу и во што уживате?
Запишувајте си ја буквата пред одговорот.
1. Колегата/колешката која ви се допаѓа ве кани на пијалак:
А. Среќни сте затоа што конечно ќе добиете прилика подобро да се запознаете
Б. Не сакате да покажете интерес па затоа го/ја одбивате
В. Велите дека имате планови и го одложувате пијалакот.
Г. Не губите време и го/ја заведувате уште на паркингот.
2. Излезени сте со пријателите и ви се допаѓа некој(а) кој(а) е:
А. Таинствен/а и со пригушен сексипил
Б. Пристапен/на, опуштен/а и сензуален/на.
В. Самоуверен/а и интелигентен/на.
Г. Преубав/а, останатите не му/и се до колена.
3. Кога станува збор за уметност во заведувањето вие:
А. Непрестајно ги менувате улогите, сакате да заведувате и да бидете заведувани.
Б. Знаете што сакате и не го менувате мислењето лесно.
В. Зборливи сте и морате да го имате главниот збор.
Г. Изразено сте страствени и романтични.
4. Сексот за вас е:
А. Начин да се нурнете во длабочините на скриеното задоволство.
Б. Задоволство кое го делите со личноста на која и верувате.
В. Начин да излезете од сопствената глава и да влезете во главата на партнерот/ката.
Г. Експлозија на енергија: колку подобро, побрзо, посилно, почесто...
5. Вашите сексуални фантазии се:
А. Конвенционални и обични.
Б. Воајер сте, ве возбудува да ги гледате другите за време на секс.
В. Сакате сексуални игри, особено играње улоги.
Г. Ве возбудува латекс, кожа и секси облека.
Најмногу одговори под А:
Најважно ви е да остварите духовна врска со парнерот/партнерката и затоа не сакате секс за една ноќ. Најмногу ви дговараат водени знакови како Скорпија, Риби и Рак, а чувајте се подалеку од Лав, Овен и Стрелец
Најмногу одговори под Б:
Конвенционални сте, промислени и цврсто стоите на земја. Ви одгвараат мирни партнери кои се рационални и предвидливи. Најдобро се сложувате со земјените знаци, како Бик, Девица или Јарец.
Најмногу одговори под В:
Ве привлекуваат изразено интелигентни и возбудливи партнери со бујна фантазија со кои секогаш имате бројни теми за разговор. Ако сакате да постигнете најголемо сексуално задоволство, побарајте партнер од огнените знаци: Овен, Лав или Стрелец.
Најмногу одговори под Г:
Вие сте личност со бујна фантазија, страствени и вистински зависник од адреналин, па затоа ви е потребен некој кој ќе може да го следи вашето жестоко темпо. Најмногу ви одговараат знаци како Близнаци, Вага и Водолија.