Каква е вашата техника на заведување?
Кои се вашите техники на заведување? Забавувајте се и откиете дали има вистина во одговорите кои ќе ги добиете на крајот од тестот. Со среќа!
Запишувајте си ги одговорите, со цел на крајот да го проверите резултатот.
1. Го сретнувате, а тој низ разговорот ви кажува дека го купил новото цеде на Шакира. На тоа вие му велите:
а) Каква случајност! И јас ја обожавам Шакира!
б) Шакираa? Баш и не ми е една од омилените.
ц) Се палиш на латино ритам, а?
2. Во клубот во кои често излагате го здогледувате него. Вие:
а) порачувате пиење и не го рецкате
б) ќе фрлите еден поглед на него додека да ја испиете пијачката
ц) ќе му се насмевнете и ќе се поздравите
3. Тој вас секогаш ве гледа со:
а) различни момчиња
б) пријателите
ц) во весело друштво
4. Ви кажува дека утре има важен деловен состанок. Вие:
а) ќе му понудите масажа за опуштање
б) ќе му кажете: епа со среќа утре
ц) на одење ќе му довикнете само: среди ги утре!
5. Роденден е на ваша заедничка пријателка. Што ќе облечете:
а) прозирна и деколтирана маичка
б) секси фустан
ц) прво што ќе ви се фати на рака
6. Се сретнувате во град а тој се понудува да ве одвезе до дома. Вие:
а) ја искористувате приликата и го допирате додека тој ја менува песната
б) го фиксирате со поглед додека тој вози
ц) водите нормален и опуштен разговор
7. Сакате со него на кино:
а) му се јавувате и го поканувате
б) вашата пријателка му се јавува наместо вас
ц) ќе го поканите нареден пат кога ќе го сретнете
8. Му паѓа цигарата...
а) ја подигате и го прашувате дали уште ја сака цигарата
б) му ја подавате низ заводничка насмевка
ц) му велите : пази да не се изгориш!
9. Разговарате за Сексот и Градот, па му велите:
а) многу подналичувас на Mr. Big
б) ја пропуштив последната епизода
ц) со кого Саманта заврши овој пат?
10. Сте купиле компјутер, а занете дека тоа е неговата страшна пасија. Вие ќе:
а) ќе облечете секси маичка и ќе бо понудите со колачи кои сами сте ги направиле додека му разкажувате за новиот компјутер
б) ќе го повикате да ви го среди компјутерот давајќи му на занење дека знаете го сметате за стручњак во таа област
ц) едноставно му праќате е-пошта со неговиот омилен цртан јунак
ОДГОВОРИ:
Најмногу одговори под ''А'' – ВЕШТЕРКА
Совршено сте ја совладале техниката на заведување. Самодовербата и женственоста е она на што паѓаат машките а нема теорија тоа да не го забележат кај вас. Единственото предупредување е да не претерувате да не испаднете фолирант. Припазете да вашиот суптилен флерт не прејде во заморување. Ако сте искрено заљубени, вашете предеколтирано маиче, ќе го натера да мисли дека сте заинтересирани само за секс, а не секое машко обожува таква девојка. Ако сте баш заљубени во него и ако тоа отворено го кажете, флертот ќе ја изгуби забавната страна а сите фраери ја обожаваат техниката на ''топло-ладно''.
Најмногу одговори под ''Б' – ЕНИГМА
Знаете да уживате во тоа некого да запознавате пополека, и не сваќате се премногу сериозно. Пуштате љубовта да се развива природно и секого го проценувате според неговите единствени карактеристики – не се лажете дека секој може да биде оној правиот. Знаете што сакате и не влетувате во врска само за да можете да кажете дека не сте сами. Не сте наклонети кон тоа да ги преовеличувате изјавите и постапките на партнерот, разумни сте и занете дека вистинските работи во животот се постигнуваат со вложување на многу време, труд и трпеливост.
Најмногу одговори под ''Ц'' – МАЈСТОР
Тешко дека постои нешто што не го познавате во практиката на љубовта. Вие сте мајстор за читање на љубовните знаци! Тие се за вас како испишана азбука, ги разбирате финтите на ''читај меѓу редови''. Имате извонреден талент со кој се снаоѓате најдобро што може, и тоа го правите најдобро што може. Она што го сакате, знаете како да го добиете. Браво за вас!