Тест за добро размислување – интелигенцијата не е памет
Една анализа за начинот на размислување на членовите на Менса покажала дека 44% од нив веруваат во астрологија, 51% во значењето на биоритамот, а 56% веруваат во вонземјани.
За од почеток да се покаже дека одличната интелигенција не мора да биде гаранција за исправното мислење, ќе ви понудиме три прашања кои како тест за способност за добро размислување кои неодамна им биле поставени на 3.400 студенти на универзитетите ширум Америка, вклучувајќи ги Принстон и Харвард.
1. Палката за бејзбол и топчето заедно чинат $1,10 долари. Палката е поскапа од топчето за еден долар. Колку чини топчето?
2. Ако пет машини за пет минути произведуваат пет колачиња, колку време ќе биде потребно 100 машини да произведат 100 колачиња?
3. На езерото има многу локвени (цветови кои растат во вода) и секој ден површината покриена со локвени се дуплира. За да се покрие целото езеро потребни се 48 дена. Колку дена се потребни за да се покрие половина езеро?
Ако немате одговор на по некое или пак на сите прашања, немојте да се грижите. Меѓу најинтелигентните студенти од Харвард и Принстон имало само 17% кои веднаш дале три точни одговори.
Позитивно решените тестови зборуваат за добро резонирање, додека погрешно решените, не укажуваат на ниска интелигенција, туку на лошо размислување.
Откако ќе ги дадете одговорите, проверете дали ви се точни на следната страна...