Тест за добро размислување – интелигенцијата не е памет
1. Палката за бејзбол и топчето заедно чинат $1,10 долари. Палката е поскапа од топчето за еден долар. Колку чини топчето?
- Одговор: 0,05 долари
2. Ако пет машини за пет минути произведуваат пет колачиња, колку време ќе биде потребно 100 машини да произведат 100 колачиња?
- Одговор: 5 минути
3. На езерото има многу локвени (цветови кои растат во вода) и секој ден површината покриена со локвени се дуплира. За да се покрие целото езеро потребни се 48 дена. Колку дена се потребни за да се покрие половина езеро?
- Одговор: 47 дена
Меѓу најинтелигентните студенти од Харвард и Принстон имало само 17% кои веднаш дале три точни одговори.
Во кои спаѓате вие?