Роденден

Term Main definition
Роденден

Славење свој роденден симболизира длабока старост, а туѓ роденден симболизира голема радост и задоволство.

Што значи да сонувате роденден?

Ако сонувате дека славите роденден

Ако во сон вие славите роденден, тоа симболизира длабока старост. Вие сте личност која живее и која ќе живее онака како што сака. Се трудите да го збогатите вашето секојдневие со настани што ве прават среќни и да бидете опкружени со луѓе во чие друштво се чувствувате пријатно.

Сето ова ќе придонесе да дочекате убави  години без да жалите за ништо.

Ако сонувате туѓ роденден

Доколку во сон некој друг слави роденден, тоа означува веселба. Веројатно ќе бидете поканети на жур каде забавата е загарантирана.

Долго ќе размислувате што да облечете, каков подарок да купите и други ситници кои и покрај вашите планови, секогаш ги оставате за последен момент.

Ако сонувате дека не се радувате на роденден

Кога во сон не се радувате на роденден, тоа подразбира дека сте незадоволни. Можно е да се плашите од стареење и годините што неминовно минуваат.

Вие би сакале да останете млади и да не бидете товар за блиските луѓе. Заборавате дека  како што вие никогаш не оставивте никого во неволја, никој нема да ви го направи тоа вам.

Ако сонувате дека имате несакани гости на вашиот роденден

Ако во сон несакани гости дојдат кај вас на роденден, тоа укажува дека ќе трпите неправда. Може да се случи некои работи да мора да ги премолчите, а со задоволство би им ги кажале на луѓето што мислите.

Ќе почувствувате дека не можете да се потпрете на никого и ќе им замерите на членовите на вашето семејство или партнерот/партнерката што не ве поддржуваат доволно.

Ако сонувате дека напуштате роденден

Кога во сон напуштате роденден, тоа значи дека сте разгалени. Навикнати сте сè да биде по ваше, и штом некој ви противречи демонстративно го напуштате тој собир.

Не умеете да се гризнете за јазик и да истрпите малку, туку покажувате дека и покрај возраста, вие сте сè уште незрели и неподготвени за живот.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте славеле или сте биле на туѓ роденден, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за роденден

Роденден е ден кога е родена човечка индивидуа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg