ТЛЗП-ВИЗИЈА: Тијана Дапчевиќ со чуден, но спектакуларен евровизиски настап (видео)

„Ова е еден од највпечатливите настапи на сите времиња на „Евровизија“, но во исто време и најбесмислен“, изјави Тијана за нејзината најнова улога во ТЛЗП.

tlzp-vizija-tijana-dapchevikj-so-chuden-no-spektakularen-evroviziski-nastap-video-01.jpg

Вчерашното издание на шоуто „Твоето лице звучи познато“ дишеше во ритамот на „Евровизија“ и на сцената видовме некои од највпечатливите настапи на ова европско музичко натпреварување низ годините.

Од Марија Шерифовиќ и Жељко Јоксимовиќ до Руслана и групата „Lordi“, ова издание на ТЛЗП дури беше именувано во овој дух односно ТЛЗП-ВИЗИЈА.

Тијана Дапчевиќ ја видовме во улогата на Цезар, претставникот на Романија на „Евровизија“ во 2013-тата година.

Иако стануваше збор за еден чуден, нетипичен настап на оперски пејач со глас контра тенор, Тијана имаше одлична изведба на песната „It's my life“.

Во оваа ужасно тешка задача, како што изјави самата таа, ја видовме во долга црна креација со циркони и лице изменето до непрепознатливост во улогата на „човекот од пеколот“.

Посебна енергија ѝ даде присуството на нејзиниот син Вук во публиката, кој ја бодреше со аплауз.

Специјален гостин во жирито беше актерката Катарина Радивојевиќ, најпозната по улогата на Зона Замфирова, која изјави дека ѝ е навистина жал што не ја видела Тијана во некоја потешка улога во која таа би го прикажала сиот свој талент.

Инаку Тијана во 2014 година со песната „To the sky“ ја претставуваше Македонија на Евровизија, а сега откри дека со задоволство повторно би се нашла на таа магична сцена.

Погледнете го одличниот настап на Тијана:

https://www.youtube.com/watch?v=_hewTj2LOLc

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg