Човек камелеон: Даниел ја отпеа „Purple Rain“ на Принц во ТЛЗП (видео)
Во сеќавање на неодамна починатата легенда Принц, Даниел Кајмакоски приреди имитација за паметење во новата епизода на ТЛЗП.
„Беше голем уметник. Со еден збор, легенда. Го изгубивме, но неговата музика нема да умре. Тешка задача, но ќе биде супер“, кажа Даниел во најавата пред настапот.
Даниел по којзнае кој пат докажа дека е човек камелеон. Фантастична вокална и физичка имитација.
На сцената успеа да го собере и жирито. Ана Кокиќ пееше заедно со Даниел, Владо Георгиев свиреше гитара, а Жељко Јоксимовиќ беше зад клавирот.
-->
-->
-->
Публиката го поздрави настапот со громогласен аплауз:
М. Д. | Црнобело
-->