Даниел Кајмакоски стана русокос за да го одглуми Џастин Бибер во ТЛЗП (видео)
Следеше општо воодушевување откако водителката на шоуто го најави Даниел Кајмакоски како Џастин Бибер.
Со богат сценски настап, Даниел отпеа две песни - „Sorry“ и „Love Yourself“.
-->
Иако од жирито беше критикуван дека вокално не го доловил Џастин најдобро, сепак за сценскиот настап доби само пофалби.
„Како успевате за 5-6 дена да го извежбате ова? Навистина сте вонземјани,“ гласеше коментарот на Дејан.
„Пееше фантастично и иако не го слушам Џастин Бибер, уживав,“ велеше Иван.
-->
-->
-->
Погледнете го русокосиот Даниел кој успешно го имитираше танцувањето на Бибер:
М. Д. | Црнобело