Даниел Кајмакоски буквално ја запали сцената на ТЛЗП во улога на пејачот на Рамштајн (видео)
Во најновата епизода на ТЛЗП нашиот Даниел Кајмакоски се најде во улога на фронтменот на Рамштајн, изведувајќи ја песната „Бензин“.
Карактеристични за бендот се настапите во која е вклучена пиротехника, а бидејќи продукцијата на шоуто сака настапите да се што пооригинални, овојпат Даниел на сцената доби можност буквално да запали еден каскадер.
„Јас станав фан на Даниел и Рамштајн, што значи одам на концерт. Ова се тешки актерски улоги, ова е шок за мене и сакам да го пофалам Даниел и целата продукција, кореографијата и палењето, мене трепките ми се запалија. Малку е ако кажам дека тој е вонсериски и одличен пејач. Толку добро го одглуми целиот настап, толку беше импресивен што реков - овој ќе не запали и навистина успеа во тоа со комплетниот перформанс,“ воодушевено коментираше Брена.
И останатиот дел од жирито додели само комплименти и воодушевување за трансформацијата на Даниел.
Енергичниот и буквално жежок настап погледнете го во продолжение:
Daniel kao Ramštajn, ep. 06. sez. 03.
Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Sunday, April 10, 2016
Daniel kao Ramštajn, ep. 06. sez. 03.
Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Sunday, April 10, 2016
М. Д. | Црнобело