Даниел Кајмакоски воодушеви како Тина Тарнер - победник во 3-тата епизода на ТЛЗП (видео)
Во третата емисија на хуманитарната музичка програма „Твоето лице звучи познато“, нашиот Даниел ја понесе победата од 1.000 евра која ќе биде наменета за детенце од Крушево, Кики, и неговите старатели.
Кики е момче од 12 години за чиј хендикеп Даниел не сакаше многу да зборува, но сакаше да му ја исполни едната единствена желба - да оди на море.
За да ја постигне таа цел, Даниел облече светкави панталони и кошула, се качи на потпетици и носеше огромна, виткана перика со која ги долови локните на Тина Тарнер.
Како што и сам призна, најтешкиот дел биле штиклите со кои морал да ја издржи цела кореографија на „Golden eye“.
„Сè може да се случи додека мажот е на штикли,“ се пошегува Даниел на своја сметка.
Сепак, жирито и публиката очигледно беа маѓепсани од настапот и имитацијата:
М. Д. | Црнобело