Даниел Кајмакоски со виклери на глава, хавајски тен и енергична имитација на Бруно Марс го маѓепса жирито на ТЛЗП (видео)
Втората емисија на Твоето лице звучи познато имаше чест да ја отвори нашиот Даниел Кајмакоски во улога на Бруно Марс.
Публиката и жирито заиграа во ритамот на „Uptown“, откако Даниел заедно со танчерите прво се појави во публиката, па потоа се качи на сцената.
Со виклери на глава, хавајски тен, супер глас и добро играње го воодушеви жирито.
-->
-->
-->
„Беше одличен и ти си еден од најдобрите музички вокали на овие простори, кореографијата беше феноменална. Танчерите направија супер атмосфера“, воодушевено коментираше Ненад Кнежевич - Кнез.
Останатите членови на жирито исто така имаа само пофалби.
Погледнете го настапот:
М. Д. | Црнобело
-->