Даниел Кајмакоски како Џибони во првата епизода на Твоето лице звучи познато, победник е имитаторот на Калиопи
Третата сезона на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ стартуваше синоќа, а наш претставник оваа година е Даниел Кајмакоски.
За првата имитација му се погоди прво па машко - Џибони.
Даниел признава дека тешко му паднала првата улога, а на прашањето како би се снашол доколку треба да глуми жена, нескромно одговорил:
„Мислам дека ќе бидам одлична риба.“
Од жирито доби само позитивни коментари, меѓу кои се издвојуваше оној на Владо:
„Ти си далеку поквалитетен пејач отколку што оваа нумера бараше од тебе. На вас ви требаат нумери во кои можете да покажете што знаете.“
Целосниот настап на Даниел изгледаше вака:
/">
Daniel kao Gibonni, ep. 1. sez. 3. :)
Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Sunday, March 6, 2016
По собирањето на гласовите на жирито и учесниците, Никола Роквиќ ја однесе првата победа, со имитација на Калиопи.
Не го пропуштајте и неговиот настап:
Nikola kao Kaliopi, ep. 1. sez 3. :)
Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Sunday, March 6, 2016