Бил Гејтс го забрани iPhone
Сопственикот на Microsoft, Бил Гејтс наводно на својата фамилија не и дозволува да користи производи на конкурентската компанија Apple, па така им е скратено...
...задоволството од користење на iPhone и iPod.
Во едно скорешно интервју за весникот Вог, Мелинда Гејтс, жената на Бил Гејтс вели: „Има неколку работи кои се банирани на листата за користење дома. Но, од тие забранети работи, нешто што најмногу би сакале да го имаме јас и моите деца е iPhone и iPod“.
iPhone и iPod, произведени од Apple, се производи кои се во директна конкуренција со Мајкрософтовиот Windows Mobile platform и Zune media player.
Мелинда вели дека и е сосема јасно доколку нејзиниот сопруг би бил малку нервозен кога она и нивните деца би користеле производи на конкурентската компанија, бидејќи години наназад Microsoft беше монопол на пазарот.
Нема ништо лошо да ја поддржуваш компанијата која ти овозможува да си ги плаќаш сметките“, вели Мелинда.
Сепак таа за Вог признава „Секогаш кога седам во друштво со пријателките знам да кажам ’Ох, не би ми пречело да го имам оној iPhone’ “.