Анти - друштвена мрежа
Чувствувате дека има премногу друштвени мрежи на интернет? Не сте единствени. Погледнете го ова видео кое го исмева феноменот на социјални мрежи.
За Google+ повеќе не ви требаат покани, компанијата одлучи дека секој кој сака може бесплатно да се регистрира. Иако овој сервис е во почетна фаза, луѓето од Google постојано работат на унапредување на неговите функции.
Наспроти нив, екипата на луѓето од College Humor одлучила да направи своја друштвена мрежа: Not Google+
Приклучувањето на оваа мрежа е едноставен – „Не влегувајте на Google+“
Следниот чекор е едноставен: „Откако сте го направиле тоа, не ги поканувајте своите пријатели да се регистрираат на Google+“
Дали навистина ни е потребна уште една друштвена мрежа?