Google+ расте најбрзо
25 милиони корисници на социјалната мрежа Google+ за нешто повеќе од еден месец. На Facebook му требаа три години, а на Twitter две и пол години.
Според зборовите на аналитичарите од компанијата comScore популарноста на Google+ е толку голема што бројот на корисници се зголемува за околу еден милион дневно и таа е дефинитивно најбргу растечка социјална мрежа во историјата.
Околу шест милиони американци користат Google+, во Индија повеќе од 3,6 милиони, а во Британија и Канада по околу милион корисници. Останатите земји не достигнале милион корисници.
Иако овие податоци се импозантни, стручњаците се внимателни и велат дека успехот на мрежата не го одредува бројот на корисници во стартот и дека дури во текот на наредната година ќе се види нејзината успешност или неуспешност. При тоа се повикуваат на фактот за растот на социјалната мрежа Myspace, која растела побргу од Facebook (25 милиони корисници за помалку од две години), но сега е на дното на скалата социјални мрежи.
Сепак програмерите на мобилните апликации тврдат дека Google+ има големи шанси да му ги помати сметките на Facebook. Тоа го потврдува новото истражување кое покажало дека 68% од 1.281 испитаници мислат дека Google+ може да го стигне Facebook кој моментално брои околу 750 милиони корисници, па дури и да го надмине.
Како главна предност на Google+ се наведува тоа што има пребарувач, мапи и Youtube.