Украден "iPhone убиец"
Прототип на телефон кој е топ тајна на Микрософт наречен “убиец на iPhone” е украден во средата во Шпанија. Телефонот е собран од џебот на еден од...
...директорите на Телстра неколку часа откако било објавено неговото лансирање.
Кражбата во Барселона се случича откако Микрософт го дала Windows Mobile 6.5 прототипот на телекомуникацискиот гигант Телстра за тестирање.
Шефовите во Микрософт стравуваат дека хакери можат да го продадат ултра револуционерниот софтвер на ривалите.
Веројатно се мисли на Apple пред сé бидејќи овој телефон е најавуван како “убиец на iPhone”.
Овој телефон користи слична технологија како и iPhone-от, односно има екран на допир за превземање музика и игра.